Српското основно обвинителство во Белград издаде наредба полицијата да ја сослуша Јелена Карлеуша за нападот на фотографот на српски „Курир“, Владимир Шпорчиќ. Таа минатата недела прво вербално, а потоа физички го нападна Шпориќ, откако забележа дека ја слика и снима на гробот на нејзината мајка, Дивна Карлеуша. Фотографот сликал како дел од работната задача што ја добил од редакцијата.
За потсетување, откако Карлеуша видела дека ја сликаат, со својата кола ѝ го препречила патот на колата на „Курир“. Таа почнала да го пцуе фотографот, го плукнала и го давела. Целиот инцидент е снимен и објавен на веб-сајтот на порталот, а фотографот уште истиот ден против Карлеуша поднел кривична пријава.
„Откако полицијата ќе ги изврши потребните проверки и ќе ја ислуша пејачката, случајот ќе го врати во канцеларијата на јавниот обвинител. Потоа, ќе се чека одлуката на обвинителството за понатамошните чекори, земајќи ги во предвид сите собрани докази“, изјавил за „Курир“ извор близок до обвинителството.
(Видео) „Ќе те претепам како пи*ка“ – Карлеуша дави, плука и пцуе фотограф
Текстот Карлеуша во полиција заради нападот на фотограф е превземен од Reporter.mk.