Поп-ѕвездата Каролина Гочева вчера славеше роденден. Таа наполни 40 години, и овој роденден, иако јублеен, помина во изолација. Сепак, на нејзиниот инстаграм-профил не престануваат честитките за роденденот. Речиси сите блиски пријатели, колеги, соработници, фанови ѝ посакаа најубави желби.
Вечерта таа објави фотографија од роденденската прослава и напиша : Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо. Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам.
Каролина е една од нашите најпознати пејачки. Таа го носи епитетот поп-ѕвезда и е долго време на музичката сцена. Зад себе има многу хитови, албуми, концерти, настапи на Евросонг. Веќе три години е во брак со уметникот Михаил Корубин.
Текстот Каролина: Бројчево заслужуваше посебна журка, ама и вака не е лошо е превземен од Reporter.mk.