Каролина Гочева ќе и биде кума на водителката и новинар од „Антена 5“ радио Ана Шутиноска, која ќе се мажи за стоматологот Гордан Лазаревски. Свадбата е в сабота, мала и интимна, само за најблиските пријатели и родинини. Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин ќе им им бидат сведоци на свадбата, пренесе Женски магазин. Ана и Гордан со Каролина и со Михаил биле заедно на одмор во Миконос, но Гордан и Михаил биле блиски другари уште од деца, па затоа и паднал договорот тие да бидат кумови.
На свадбата на Ана ќе пее Ѓоко Танески, а музика ќе пуштаат и диџеите од „Антена 5“ радио.
Ова е втор барк за Ана, која претходно беше омажена за својот колега од „Антена 5“, Горан.
Таа е дел од тимот на радиото од неговото основање, а ги покрива светски музички настани кои радиото ги следи изминативе години.
Текстот Каролина кума, се мажи Ана од „Антена 5“ е превземен од Reporter.mk.