Катарина ќерката ќе ја крсти по татко ѝ

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска наскоро треба да го роди своето второ дете. Таа деновиве влезе во деветтиот месец од бременоста и ни откри дека ќе роди ќерка, а дека девојчето ќе се вика Кира, по нејзиниот татко Кире Ивановски. Таткото на Катарина е поранешен ракометар кој играл за „Вардар“ и за репрезентацијата на Југославија.

Познатата манекенка, која неодамна го прослави 31. роденден, со сопугот Цобе го имаат двегодишниот син Вања.

Таа не престана да работи и покрај бременоста и на почетокот снимаше фотосесии за познати регионални и домашни брендови.

Текстот Катарина ќерката ќе ја крсти по татко ѝ е превземен од Reporter.mk.