Кате и „Соната“ победија на фолк вечерта на „Охрид Фест“

„Бовчалак“ е насловот на песната која победи на првата вечер на годинашното издание на Охрид Фест – Охридски трубадури.

Оваа тема со која настапија групата „Соната“ и Катерина Брезева ја доби првата награда како од фестивалското жири, така и од жирито составено од претставници на публиката. Автори на песната се  Цане Петров и Огнен Неделковски.

На првата, односно фолк вечерта на дваесет и шестото издание на овој Фестивал настапија 20 изведувачи.

Биба Додева победи во поп вечерта.  На Интернационалната вечер пак е резервиран за познати пејачи од регионот и од Европа.

Текстот Кате и „Соната“ победија на фолк вечерта на „Охрид Фест“ е превземен од Reporter.mk.