Прекршочниот суд во Нови САД го прогласи за виновен и му одреди парична казна на Бугарскиот државјанин М.Л. поради тоа што ја удри колата на Наташа Беквалац.
Медиумите пренесуваат дека Бугаринот треба да плати казна од 7000 динари и е обврзан на име на трошната постапка да уплати паушален износ од 2000 динари.
Исто така против М.Л. е покрената прекршочна постапка затоа што на 24 октомври на државниот пат на делницата Нови Сад – Ковилј, предизвикал сообраќајна незгода.
Во моментите кога лицето М.Л. ја удри Беквалац, во возилото покрај пејачката се наоѓала и нејзината помала ќерка Катја со дадилката.
„Наташа ја исполнила својата обврска и го однесе бебето за Белград за да нејзиниот татко Лука Лазукиќ го помине законското време со неа во Центарот за социјална работа. Бугарскиот државјанин во моментите кога ја удрил Наташа немал ретровизор, па поради тоа не ја забележал. За среќа, таа и бебето се добро и никој не е повреден. Полицијата направи увид по што Наташа се врати во својот стан во Нови Сад“, изјавиле од пијар тимот на Наташа Беквалац.
Текстот Казнет Бугаринот кој со кола ја удри Наташа Беквалац е превземен од Reporter.mk.