Американскиот модел и актерка, Кејт Аптон, роди ќерка. Ова е нејзино прво дете со бејзбол играчот Џастин Верландер, со кого таа се омажи пред една година. Девојчето ќе се вика Џеневив Аптон Верландер, открија родителите со фотографија на „Инстаграм“.
„Добредојде на овој свет Џеневив Аптон Верландер. Ми го украде срцето во првата секунда кога те видов. 07.11.2018“, напиша Џастин покрај сликата.
Списанието „Максим“ пред неколку месеци ја прогласи популарната манекенка на најсекси жена во светот за 2018 година. Оваа титула Кејт ја доби и во 2014 година од магазинот „Пипл“.
Текстот Кејт Аптон стана мајка е превземен од Reporter.mk.