Британската глумица Кејт Бекинсејл (46) е во врска со музичарот Гуди Грејс (22), пишува „Дејли меил“. Тие објавија видео на кое Кејт и Гуди се на прошетка, со коментар дека на глумицата не ѝ пречи што нејзиното момче е на возраст колку нејзината ќерка.
Кога лани беше во врска со комичарот Пит Дејвидсон (26), Бекинсејл беше критикувана дека не се однесува во склад со своите години. Но, глумицата не се осврнува на злобните коментари, па затоа по врската аферите со Дејвидсон, Мет Риф (23) и Џек Вајтхол (31), повторно има нов, млад дечко, кој е само една година постар од нејзината ќерка Лили Мо.
За потсетување, Бекинсејл, која се прослави со улогата во филмот „Ван Хелсинг“, беше во брак со режисерот Лен Визман (47) од 2004 до 2016 година. Претходно, од нејзината осумгодишна врска со актерот Мајкл Шин (51), ја има ќерката Лили Мо (21).
Текстот Кејт Бекинсејл има 24 години помлад дечко е превземен од Reporter.mk.