Кејт Хадсон стана мајка

Холивудската актерка Кејт Хадсон третпат стана мајка. Таа роди девојче и ја крсти Рани Роуз. Актерката на „Инстаграм“ објави слика од последните денови од бременоста и напиша дека Рани Роуз го добила името по таткото на нејзиното момче, Дени Фуџикавa.

Ова е прво дете на Кејт и Дани, кои се во врска повеќе од една година. Хадсон веќе има два сина, 14-годишниот Рајдер, со поранешниот сопруг Крис Робинсон и 6-годишниот Бигам, со поранешниот вереник, Мет Белами.

 

Текстот Кејт Хадсон стана мајка е превземен од Reporter.mk.