Војвотката Кејт Мидлтон е исплашена и потресена од одлуката на Хари и Меган да го напуштат кралското семејство, пишува весникот US Weekley. Весникот пишува дека Кејт и Хари биле блиски пријатели пред нејзиниот девер заедно со сопругата Меган Маркл заминат за Канада.
„Таа постојано го има на ум Хари со кого претходно беше во блиски пријателски односи. Таа со денови плачела и била повредена од одлуката да се откажат од кралското семејство“, пишува весникот.
Според наводите на US Weekley на Кејт ѝ недостига Хари и таа сака да разговараат како би можеле да дојде до промена на одлуката.
„Таа се плаши дека никогаш повеќе нема да бидат блиски пријатели како порано“, вели близок извор до Кејт, за весникот.
Текстот Кејт Мидлтон е исплашена за Хари е превземен од Reporter.mk.