Кејт Мидлтон ја засени Меган Маркл

Меган Маркл повеќе не е во жижата на јавноста, затоа што убавата Кејт Мидлтон повторно се врати во полн сјај, пренесува Cosmopolitan.rs.

Во придружба на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон присуствуваше на глобалниот самит за ментално здравје кој се одржува во Лондон, а за таа прилика облече виолетов фустан. Фустанот е дизајниран од страна на Емилија Викстед, која Кејт ја потполни со торба од крокодилска кожа и салонки.

Кејт по породилното отсуство повторно се врати на своите обврски, поубава и позгодна од кога било претходно. Војвотката е доказ дека старите фустани можат да се рециклираат и да се искористат во повеќе наврати.

Истиот овој фустан, а и истите салонки, Кект ги носеше минатата година на еден настан, каде друштво и правеше целото семејство.

Виолетовата нијанса и стои убаво, а многумина нејзиното издание го издвоија како едно од најубавите и се согласуваат дека има смисла повторно да го носи.

Текстот Кејт Мидлтон ја засени Меган Маркл е превземен од Reporter.mk.