Кејт Мидлтон заработи 100.000 евра од разголени фотографии

Судот ја отфрли жалбата на француското списание Closer, чии уредници, новинари и фотографи се осудени на голема парична казна поради објавените фотографии на Кејт Мидлтон.

На овие фотографиите се гледа војвотката од Кембриџ која е во топлес издание.

Судот во Версај ја потврди пресудата изречена за главните уредници на весникот и директорот на „Мондадари групата“, во чија сопственост е Closer. Одговорните за инцидентот мораат да платат по 45.000 евра.

Двајцата фотографи исто така се казнети со по 10.000 евра казна, иако половината од казната е условна.

Судот исто така потврди дека четворицата обвинети мораат да платат вкупно 100.000 евра оштета на Кејт и нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

Closer во септември 2012 година објави фотографии на кои е прикажана Кејт и Вилијам како се сончаат на балкон во нивниот луксузен имот во Луберон на југот од Франција. Војвотката на фотографиите е топлес, а набрзо по објавените фотографии кралското семејство се избори за забрана за доближување на папараците, а потоа следеше и тужба до весникот.

 

Текстот Кејт Мидлтон заработи 100.000 евра од разголени фотографии е превземен од Reporter.mk.