Кејт Милдтон учи со Џорџ и Шарлот додека не се во школо

Војвотката Кејт Мидлтон ќе им помага на принцот Џорџ и принцезата Шарлот во школските обврски, додека трае пандемијата со коронавирусот. тие во моментов се наоѓаат во вилата „Амер Хал“ во Англија.

Кејт вели дека не сака нејзините деца да заостануваат додека трае пандемијата, а школите се затворени. Таа има време и за најмладиот син Луис, за кого секој ден организира некоја нова игра, пренесуваат британските медиуми.

„Повеќето од предавањата ги прави Кејт. Таа секој ден работи нешто ново со нив. Помага и принцот Вилијам. Главен приоритет им е децата да се навикнат на домашното опкружување додека трае пандемијата со коронавирусот. Џорџ и Шарлот секој ден има низа на активности“, открива извор од палата за медиумите.

Вилијам и Кејт внимателно ја следат ситуацијата со опасниот вирус. Тие наскоро ќе го претстават својот нов проект вреден пет милиони фунти, преку кои ќе им даваат психолошка помош на британските граѓани, додека се наоѓаат во карантин.

„Самоизолацијата и социјалната оддалеченост може да претставува огромен предизвик на нашето ментално здравјет. Последните недели, војводата и војвотката од Кембриџ беа во редовен контакт со организциите за да ги разберат проблемите со кои се соочуваат во овој тежок период“, стои на службениот „Инстаграм“ профил.

 

Текстот Кејт Милдтон учи со Џорџ и Шарлот додека не се во школо е превземен од Reporter.mk.