Славната манекенка една година не пие алкохол и промената е навистина очигледна
Кејт Мос пред два дена го прослави својот 45 роденден, а помина една година откако не пие повеќе алкохол.
Некогаш познатата манекенка на светот беше позната по разузданиот начин на живот, а пророците ѝ создавале огромни проблеми во работата и животот.
Фотографиите од пијаната и дрогираната Кејт пред неколку години биле вообичаени во медиумите, но поранешната манекенка одлучила сосема да го промени начинот на живот. Денес живее здраво, не пие, не се дрогира, а медиумите пишуваат дека се гледа и промената во нејзиниот изглед.
Нејзините фотографии покажуваат дека изгледа свежо и одморено и дека едната година без алкохол ѝ го вратил сјајот на лицето.
Текстот Кејт Мос една година без алкохол, конечно има сјај на лицето е превземен од Reporter.mk.