Откако подолго време ја криеја својата врска, за која се дозна пред неколку месеци, холивудските ѕвезди Кејти Холмс и Џејми Фокс планираат венчавка во Париз.
„Париз е градот во кој тие одлучија јавно да ја покажат својата љубов, по неколкугодишно таење. Кејти го увери Џејми дека се подготвени сето тоа да го направат и официјално. Таа многу сака зимска венчавка во Париз“, пренесе „Рејдар онлајн“
Шпекулациите велат дека дека тие не ја откривале својата врска пред обожавателите поради предбрачниот договор на Холмс со Том Круз, каде што тој бара, „во случај на развод, таа да не може да има момче одреден број години потоа“, додава изворот.
Пред некое време, Холмс беше фотографирана со прстен на раката, но таа се правдаше дека тоа е само реквизит од филм.
Текстот Кејти Холмс и Џејми Фокс ќе се венчаат во Париз е превземен од Reporter.mk.