Шест години откако се во врска, актерите Кејти Холмс и Џејми Фокс првпат се појавија заедно на јавен настан. Држеќи се за раце, тие прошетаа на розовиот тепих на еден од најголемите модни настани на годината, „Мет Гала“, што го организира уредничката на „Вог“, Ана Винтур. Кејти на настанот носеше виолетов фустан на Зек Позен.
Фокс и Холмс ја почнаа врската во 2013 година, кратко откако таа се разведе од Том Круз. Додсега тие никогаш официјално не потврдија дека се во врска, но од пред неколку месеци скоро и да не се кријат од папараците.
„Кејти и Џејми се гледаат често колку што можат. Тие се знаат со години и двајцата се одлични родители и посветени на своите кариери“, рекол извор близок на двојката за американските медиуми.
Холмс има ќерка од бракот со Круз, додека Фокс има две деца од претходна врска.
Текстот Кејти Холмс и Џејми Фокс првпат заедно во јавноста е превземен од Reporter.mk.