Кејти Пери е во депресија

Поп-пејачката Кети Пери во интервју за „Вог“ признала дека паднала во депресија заради лошата продажба на нејзиниот последен студиски албум Witness. Албумот е едвај продаден во 180.000 примероци, за разлика од претходниот албум Prism кој беше продаден во околу 286.000 примероци.

„Имам бранови на ‘последична депресија’. Срцето ми беше скршено лани, оти несвесно му дадов многу голема важност на мислењето на публиката. А, таа не реагираше онака како што очекував. Тоа ми го скрши срцето“, изјавила Кети во интервјуто.

Пејачката додала дека им препорачува на своите колеги, ама и на пријателите да не потклекнуваат пред разочарувањата, оти депресијата се лечи тешко.

 

Текстот Кејти Пери е во депресија е превземен од Reporter.mk.