„Беше Св. Валентајн, сè помина прекрасно. Отидовме на романтична вечера и после неа мислев дека ќе отидеме во музеј, или нешто во тој стил. Наместо тоа, Орландо ме однесе до хеликоптерот“, рече американската пејачка Кејти Пери во емисијата на Џими Кимел.
„Орландо ме запроси во хеликоптер. Сè беше како во филмот Џејмс Бонд, а сите околу нас имаа слушалки. Седевме на кров на една зграда во Лос Анџелес, таму беа сите наши пријатели, моето семејство. Го погоди точно она што го сакам“, рекла пејачката која со холивудскиот актер, Орландо Блум, почна да излегува во 2016-та година. Иако славниот пар неколку пати ја прекинуваше врската на крај сепак ја побара за жена. Веста за веридбата, Кејти ги сподели со своите фанови на социјалните мрежи.
„Ви честитаме за вредибата, се надеваме дека ќе бидете среќни заедно“, е само еден од многуте коментари и честитки на воодушевените следбеници.
„Погледнете кој се вереше на Денот на вљубените“, напишала во описот на заедничката фотографија. Сè било во знакот на розовата боја, а Кејти носела розов фустан со потпис на Александра Рич. Ова ќе ѝ биде втор брак на пејачката, бидејќи од 2010-та до 2012-та година била во брак со комичарот Русел Бранд.
„Се венчав на 25 години, тоа беше пред речиси 10 години. Размислував за ‘една личност цел живот’ и не бев сигурна дали тоа е добра идеја за мене. Толку многу сум поинаква сега. Ми се допаѓаше. Беше ново, забавно, возбудливо патување“, рекла Кејти во една прилика.
Ниту на актерот ова нема да му биде прв брак. Тој веќе беше во брак со манекенката Миранда Кер, а заедно го имаат синот Флајан Кристофер.
Текстот Кејти Пери: Орландо ме запроси како во филм на Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.