Актерките Тори Спелинг и Џени Гарт или едноставно Дона и Кели ја најавија премиерата на„Беверли Хилс“. Актерките се појавија во бели фустани на кои со боја беа испишани имињата Дона и Кели, со што, како што изјавија,
сакаат да го одбележат враќањето на популарната серија од 1990-тите.
„Со мојата најдобра пријателка Џени Гарт се инспириравме да им оддадеме почит на нашите ликови со модерна верзија на боите на ‘Беверли Хилс’“, напиша Спелинг на Инстаграм.
Премиерата на новата верзија на серијата насловена „БХ90210“, е утре на „Фокс“ и ќе има шест епизоди. Покрај Спелинг и Гарт, се враќаат и Џејсон Пристли, Шенен Доерти, Брајан Остин Грин и Ијан Зиринг. Серијата ќе му оддаде почит на Лук Пери, кој го играше ликот на Дилан Мекеј и кој почина во март од мозочен удар.
Текстот Кели и Дона ја најавија утрешната премиера на „Беверли Хилс“ е превземен од Reporter.mk.