Заедничкото селфи на двете ѕвезди од популарната серија во деведесеттите „Беверли Хилс“, Џени Гарт и Тори Спелинг, предизвика голем број непријатни коментари од нивните фановите. Многумина од нив напишаа дека двете актерки претерале со ботоксот и дека повеќе не личат не себе.
„Што ви се случило?“, „Не ви е потребен тој ботокс“, „Ова не е Џени која ја познавам“, „Двете сте претерале“, се само некои од коментарите на обожавателите на двете актерки.
Холивуд е познат по тоа што најавите за идните проекти е нешто што носи многу пари. Една рекламна компанија сакала да ги искористи овој момент, па за својата кампања ги ангажирала Џени Гарт и Тори Спелинг, девојките кои ги играа во серијата Кели и Дона. Токму за време на рекламната кампања Кели и Дона го направиле селфито.
На почетокот на годинава светските медиуми ја објавија веста дека наскоро ќе биде снимено продолжение од прочуената американска серија. Плановите малку беа занишани по неодамнешната смрт на актерот Лук Пери, кој го глумеше Дилан, но продуцентите сепакне се откажаа од идејата за снимање.
Тие велат дека сакале повторно да ги соберат останатите членови и актери.
Текстот Кели и Дона претерале со ботоксот, актерките непрепознатливи за фановите е превземен од Reporter.mk.