Манекенката Кендал Џенер сака да ѝ биде личен асистент на Бијонсе, пренесуваат светските медиуми. Како што вели светскиот модел, таа сака барем година дена да ѝ помага на пејачката и да дознае какви се нејзините навики.
Џенер сака да знае што доручкува Бијонсе и што гледа на телевизија пред спиење. За време на новата Calvin Klein кампања, Џенер изјавила дека ако би можела да бира да биде на некого личен асистент, би ја избрала Бијонсе.
„Само сакам да знам што јаде наутро, сакам да знам што доручува Бијонсе. Сакам да знам која емисија ја гледа на телевизија. Дали ги гледа Beachelor in paradise, зашто ако е така, тогаш ќе бидеме најдобри пријателки“, изјавила Џенер.
Не би требало да биде толку тешко Кендал да дознае што Бијонсе прави во слободно време, затоа што нејзиниот зет е Кање Вест е голем пријател со Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи.
Кендал во меѓувреме повторно е во љубовна врска со кошаркарот Бен Симонс. Таа претходно се забавуваше со Џастин Бибер, Анваро Хадид и Хари Стајлсон. Кендал вели дека ја научила лекцијата од претходните врски.
„Мислам дека во секоја врска учите по нешто. Јас научив многу од различните врски. Сега знам точно што сакам од мојот партнер“, вели Кендал.
Текстот Кендал Џенар сака да ѝ биде личен асистент на Бијонсе е превземен од Reporter.mk.