Американскиот рапер Кендрик Ламар доби осум номинации за претстојните музички награди „Греми“ што ќе се доделат следната година. Тој е номиниран и во категоријата за најдобар албум и песна на годината, пред сè благодарение на песните што ги испеа за филмот „Црниот пантер“.
Втор по бројот на номинации е канадскиот рапер Дрејк, кој има седум. Меѓу номинирате се и раперката Карди Би со пет номинации, Леди Гага, и Тејлор Свифт, која доби една номинација.
Церемонијата на доделувањето на наградите „Греми“ ќе се одржи на 10 февруари 2019 година во Лос Анџелес.
Текстот Кендрик Ламар со најмногу номинации за „Греми“ е превземен од Reporter.mk.