Пејачката и поранешна членка на групата „Атомик китен“, Кери Катона, во интервју за британските медиуми рекла дека чувствува олеснување што нејзиниот поранешен сопруг Џорџ Кеј се убил. Според неа, ако тој останал жив, тогаш сигурно ќе ја убиел неа. Ваквата изјава ја изненади јавноста.
„Мајка ми само чекаше повик од полицијата да ѝ ја јават дека ме убил, а јас никогаш не можев да се опуштам освен кога Џорџ беше во затвор, и сега е мртов. Мило ми е што е така“, рекла пејачката.
Таа додала дека нејзиниот некогашен маж бил психички нестабилна личност, дека ја малтретирал и дека е подобро што се убил сега додека нивната ќерка Дилан е мала за да не мора да ги трпи неговите малтретирања.
„Поминав низ пекол додека бев со него. Џорџ не можеше да биде спасен. Очекував вакво нешто да се случи и добро е што се случи додека Дилан е мала“, додала Кери.
Џорџ Кеј почина на 5 јуни оваа година во 40-годишна возраст од прекумерно консумирање дрога. Пронајден е предозиран во својот стан.
Текстот Кери од „Атомик китен“: Мило ми е што мојот поранешен маж е мртов е превземен од Reporter.mk.