Откако судот во Лос Анџелес минатата недела пресуди дека хитот на Кети Пери Dark Horse е плагијат на христијанска рап-песна Joyful Noise, сега одлучи дека таа и нејзината издавачка компанија „Капитал рекордс“ ќе треба да платат 2,78 милиони долари.
Судот потврди дека Кети Пери го прекршила законот за авторски права со песната Dark Horse што излезе во 2013 година. Поротата едногласно донесе одлука дека пејачката намерно или ненамерно користела музика од песната на американскиот рапер Маркус Греј, кој ја снимил песната во 2008 година.
Според „Асошиејтед прес“, самата Пери ќе плати нешто повеќе од половина милион долари, а преостаната сума ќе ја плати „Капитал рекордс“. За време на судењето, Пери и ко-авторите на песната сведочеа дека никој од нив не ја слушнал песната на Греј пред тој да ги тужи.
Dark Horse мина четири недели на првото место на топ листите на Билборд и доби номинација за Греми.
Текстот Кети Пери ќе плати 2,78 милиони долари за плагијат е превземен од Reporter.mk.