Светската музичка ѕвезда, Кети Пери, реши да се повлече од музиката по неуспехот на последните музички проекти.
„Веќе 10 години сум на сцената, па морам малку да одморам. Веќе нема да снимам албум по албум, нешто што го правам веќе подолго време. Мислам дека помина времето да бидам поп-ѕвезда и дека треба да почнам со посериозни проекти“, изјави пејачката во едно скорешно интервју.
Пејачката не крие дека паднала во депресија откако нејзиниот последен албум не го доби посакуваното внимание ниту од публиката, ниту од критичарите. Таа додаде дека сака да почека додека да добие инспирација за нејзиниот следен албум, па дури потоа да размисли за враќање на сцената.
Текстот Кети Пери се откажува од музиката е превземен од Reporter.mk.