Кетрин Зета Џонс: Бракот со Мајкл трае затоа што повремено имаме секс со други

Холивудската глумица Кетрин Зета Џонс откри дека таа и актерот Мајкл Даглас имаат „отворен брак“. Во интервју за „Њуз тудеј“ таа призна дека тоа што и двајцата повремено имаат секс со други луѓе е причината што и по дваесет години во нивниот брак постои страст, љубов и возбуда.

„Пресреќна сум што се заедно повеќе од двасет години. Животот со Мајкл е убав, но има и лоши моменти. Да бидам искрена, не можам да се замислам со еден човек цело време. Кога во бракот не ни цветаат рози тоа го решаваме така што се тргаме еден од друг и поминуваме време со други луѓе. Со Мајкл имаме ‘отворен брак’ и токму тоа го прави цврст“, рекла актерката.

Кетрин раскажала дека таа и Мајкл се секогаш искрени во комуникацијата со децата, синот Дилан и ќерката Керис. Со нив разговарале отворено и кога поранешната асистентка на Мајкл го обвинила за сексуална злоупотреба, тврдејќи дека пред 30 години тој мастурбирал пред неа и не ѝ дозволил да излезе од просторијата.

„Не криеме ништо од децата. Важно е да знаат што се случува во домот. Првиот разговор за обвинувањата беше тежок, мачен, емотивен, но тоа го поминавме сите четворица заедно. Имаше солзи, бес, се каравме, викавме, но го поминавме сетро тоа заедно и тоа не направи посилни како семејство“, додала таа.

 

Текстот Кетрин Зета Џонс: Бракот со Мајкл трае затоа што повремено имаме секс со други е превземен од Reporter.mk.