Американскиот актер Кевин Харт, познат по својата улога во комедијата „Central Intelligence“ (2016 година) одби да ја води церемонијата на доделувањето на филмските награди „Оскар“ во 2019 година. Според него, причината за ова е бранот на незадоволство од негативните изјави на актерот за сексуалните малцинства, објави ТАСС.
„Решив да се откажам од улогата на водител на „Оскар“, бидејќи не сакам вниманието да биде насочено против мене во ноќта во која ќе бидат почестени многу неверојатни и талентирани уметници“, рече тој, извинувајќи се за неговите изјави во минатото за сексуалните малцинства.
91-та церемонија за доделување на наградите „Оскар“ за филмски остварувања во 2018 година ќе се одржи на 24 февруари 2019 година во Долби театар во Холивуд, Лос Анџелес.
Текстот Кевин Харт одби да ги води „Оскарите“ е превземен од Reporter.mk.