Кевин МекКид стана татко четврти пат

Кевин МекКид, познат по улогата на доктор Овен Хант од серијата „Вовед во анатомија“, стана татко четврти пат. Тој на „Инстаграм“ објави дека неговата жена Ариел родила ќерка, Нава Џејмс. Веста ги изненади сите, бидејќи Кевин претходно не откри дека Ариел е бремена. Ова е второ заедничко дете на двојката, која го има и синот Ејдан, роден во мај 2018 година.

Од првиот брак со Џејн Паркер, МекКид ги има 17-годишната ќерка Јоана и 19-годишниот син Џозеф.

 

Текстот Кевин МекКид стана татко четврти пат е превземен од Reporter.mk.