Кевин од „Сам дома“ зборува за морбидниот ходник во домот на Мајкл Џексон

Еден од актерите на документарниот филм  „Заминувањето во Недојдија“ Џејмс Сејфчак открива дека Мајкл Џексон во ходникот до својата спална соба имал алармен систем кој го предупредувал ако некој се доближувал до собата во која тој бил со момчиња.

Актерот Меколи Калкин, ѕзвездата на култниот филм „Сам дома“, кој од детството се дружел со Џексон, истото го кажал и пред 14 години на суд.

„Постоеше тој премин сличен на ходник, а ако некој се доближуваше до вратите од спалната соба, почуваше да ѕвони, динг-донг, динг-донг. Кога некој ќе се доближеше, ќе го слушневте тој аларм“, истакнал Калкин во 2005 година за време на сведочење во корист на кралот на попот.

Токму по сведочењето на овој актер, Џексон е ослободен од обвиненијата за злоупотреба на деца.

 

Текстот Кевин од „Сам дома“ зборува за морбидниот ходник во домот на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.