Холивудскиот актер Кевин Спејси е обвинет за нови три сексуални злоупотреби.
Скотланд Јард во истрагата наведува дека Кевин нападнал мажи во Велика Британија, а покрај ова стојат и претходни обвинувања на сметка на Спејси.
Со трите нови жртви, бројот на оние кои тврдат дека Кевин ги злоупотребил изнесува шест.
Една од новите три жртви тврди дека Кевин го нападнал во 1996 година во Вестминстер. Вториот вели дека бил нападат од страна на Спејси во 2008 година, додека третиот тврди дека бил нападнат од Спејси во 2013 година.
Нивните обвинувања ги истражува Одделението за злоупотреба на деца и сексуални напади на британската полиција.