Модната куќа „Ив Сен Лоран“ го избра холивудскиот глумец Кијану Ривс за свое ново заштитно лице. Овој избор изненади многумина, а светските медиуми пишуваат дека уште поголемо изненадување е што 54-годишниот глумец, кој не сака да се експонира во јавноста, прифатил да биде модел на светскиот бренд.
„Ова е најдобриот чекор што брендот го направил во последно време“, пишуваат модните критичари.
На првите фотографии Кијану позира во кожена јакна и во костум, а имиџот не му е сменет, долга коса и брада.
Ни глумецот ни од модниот бренд засега не откриваат дали ова ќе биде единствениот моден ангажман на Киану, или тој подолго време ќе работи за „Ив Сен Лоран“.
Текстот Кијану Ривс е ново заштитно лице на „Ив Сен Лоран“ е превземен од Reporter.mk.