Кијану Ривс и Алекс Винтер , кој ги играа Бил и Тед потврдија дека следното лето одат на нова авантура.
„Бил и Тед 3: соочи се со музиката“, долго очекуваното продолжение на „Лажното патување на Бил и Тед“, ќе почне да се снима ова лето, а ќе биде објавен во август наредната година.
„Сакаме да им се заблагодариме на фановите, затоа што се чини дека би можеле да направиме филм ова лето“, кажаа двајцата актери во видеопорака на Твитер.
„Бил и Тед 3“ доаѓа 31 година по оригиналниот филм „Одличното патување на Бил и Тед“, а во 1991 беше снимено и продолжение. Лани Винтер (53) призна дека снимањето на филмовите за Бил и Тед му помогнало да се справи со траумите од сексуалното злоупотребување, што го доживеал во 1970-ите од сега починат актер.
Текстот Кијану Ривс и Алекс Винтер повторно Бил и Тед, филмот ќе се снима ова лето е превземен од Reporter.mk.