Обожавателите на холивудската ѕвезда Кијану Ривс забележаа дека глумецот никогаш не ги допира обожавателките со кои се слика. Додека се сликаат Кијану ги држи рацете на пристојна оддалеченост од нивното тело. Откако го забележаа ова, обожавателите почнаа да го фалат дека е пристоен и убаво воспитан и го нарекуваат вистински џентлмен.
Други се убедени дека актерот намерно не ги допира луѓето за да ги избегне критиките за непримерно однесување и сексистички и феминистички коментари или обвинувања за сексуално злоставување кои се се почести во Холивуд.
Неговите фотографии беа објавени на фејсбук-страницата Unprofessional Madman и на секоја од нив актерот позира со друга жена. Повеќето луѓе очекуваат Ривс да ги прегрне или да ги стави рацете на нивните рамења, но тоа никогаш не се случува.
Join our Discord: https://discord.gg/KrfV72mAlso we have a group for random memes: https://www.facebook.com/groups/366609183938579
Posted by Unprofessional Madman on Недела, 09 јуни 2019
Текстот Кијану Ривс никогаш не ги допира жените со кои се слика е превземен од Reporter.mk.