Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (38) и нејзиниот сопруг раперот Кање Вест (41) во средата донирале 500.000 долари на жртвите од пожарот кој се случи на југот во Калифорнија и кој ја уништи и нивната вила.
Кардашијан во шоуто Тhe Elen DeGeneres изјави дека таа и Вест најмиле приватни пожарникари за да го одбранат својот дом и другите во сосетството во северен Лос Анџелес.
Ким и нејзините три деца беа меѓу илјадниците луѓе кои мораа да се евакуираат од своите домови во текот на пожарот пред две недели кои се прошири во градот Малибум уништувајќи 1500 згради и усмртувајќи три лица.
Кардашијан изјави дека пожарот стигнал и до нејзиниот праг и дека сеуште се немаат вратено назад, поради интезивниот мирис.
Кога пожарот бил ставен под контрола, на Кардашијан и било дозволено да се врати дома, но само за да може да собере некои работи.
Меѓу изгорените вили се најдоа и објекти на голем број на славни личности, како Џесика Симпсон, Џерард Батлер, Кејтлин Џенер и други. Сепак ѕвездите Ентони Хопкинс и Пирс Бросман успеаа да се спасат од огнената стихија.
„Сликата која ја затекнав беше нешто најстрашното што го имам видено“, изјавил тогаш Бросман.
Текстот Ким Кардашијан и Кање Вест донираа 500.000 долари на жртвите од пожарот е превземен од Reporter.mk.