Ким Кардашијан и Кање Вест го чекаат четвртото дете

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг раперот Кање Вест го чекаат своето четврто дете од сурогат мајка. Терминот би требало да биде некаде во мај, велат нејзините доктори. Кардашијан ќе го добие бебето од сурогат мајка, истата жена која пред 11 месеци ја роди нејзината ќерка Чикаго.

Познатата двојка веќе ги имаат ќерката Норт, синот Саинт и Чикаго. Четврото дете ќе биде момче. Причината за земање на сурогат мајка за Ким е поради нејзината последна бременост за која вели дека минала со големи потешкотии за неа.

„Мислам дека не би можела да поднесам повеќе деца од четири. Кање сака повеќе, но мене ме вознемируваат. Тој запнал да имаме седум“, изјавила Ким во разговор со нејзина пријателка Ларса.

Ким смета дека светов е премногу лош и дека преголем број деца се сведоци на сите лоши работи кои што се случуваат околу нас. Ким и Кање и овој пат не сакаат да го откријат идентитетот на сурогат мајката.

 

Текстот Ким Кардашијан и Кање Вест го чекаат четвртото дете е превземен од Reporter.mk.