Ким Кардашијан и Кање Вест пред развод

Голем број од светските таблоиди пишуваат за проблемите кои ги имаат Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг раперот Кање Вест. Медиумите пренесуваат дека ситуацијата до толку се влошила меѓу нив двајца, што сега веќе размислуваат и за развод.

Извор близок до двојката вели дека Ким размислува да ја напушти куќата и да биде некое време подалеку од својот сопруг. Двојката е во брак шест години и заедно имаат четири деца.

Изворот објаснува дека очигледно двојката имала проблеми во периодот додека биле во изолација. Тоа што постојно биле затворени влијаело на нив и сега Ким размислува да се пресели во друг дом, па макар и привремено.

Нејзин пријател вели дека таа прави сè што е во нејзина моќ за да го спаси бракот со Кање Вест.

 

Текстот Ким Кардашијан и Кање Вест пред развод е превземен од Reporter.mk.