Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан се пофали дека на ќерката Норт за Божик ѝ купила јакна што му припаѓала на Мајкл Џексон. Таа објави слика од подарокот вреден 150.000 евра. „Вистинска јакна од Мајкл Џексон“, напишала Кин на фотографијата. Оваа јакна кралот на поп-музиката ја носел во една прилика додека се дружел со Елизабет Тејлор.
Ким објаснила дека таа и сопругот Канје Вест ја купиле јакната на аукција, а дека нивната ќерка Норт, која е огромен фан на Мајкл, била многу благодарна и возбудена поради подарокот.
Текстот Ким Кардашијан купи јакна од Мајкл Џексон за ќерка ѝ е превземен од Reporter.mk.