Поранешниот член на „Нокаут“, Кирил Колемишевски, е предложен за нов заменик министер за економија во Владата на Заев. Кире треба да биде на местото на Кире Наумов, за кој Заев најави дека ќе достави предлог за разрешување. Колемишевски ѝ е познат на јавноста уште од времето кога кон крајот на 90-тите со „Нокаут“ беа една од најпопуларните македонски групи.
Заедно со Пере, Франц и сега починатиот Ацо Конга, беа дел од сите музички случувања и манифестации во државата, снимаа песни, хитови, спотови, а беа и омилени меѓу девојките. Еден период зад нив стоеше „Авалон продукција“. Кире беше беше втор вокал во првата и оригинална постава на групата, и беше нејзин член до 2002 година.
Публиката и денес ги памти популарните „Временска машина“, „Телефонскиот број не постои“, „Еј, би, си“… Подоцна тој се повлече од групата и почна да работи во Комерцијална банка, а потоа и во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“.
Колемишевски е женет со Катерина која работи во канадска фирма и имаат ќерка. Свадбата беше во 2014 година, а на веселбата им беа и пријателите од групата „Нокаут“. Тој и денес се дружи со нив, а со Франц, кој сега живее во Лос Анџелес, се кумови.
Текстот Кире Колемишевски- Идниот заменик минстер некогаш глевен фраер со „Нокаут“ е превземен од Reporter.mk.