Алпската скијачка Линдзи Вон ќе се мажи со нејзиното момче, хокеарот П.К. Субан, пишува „Вог“. Субан ја запросил својата девојка минатиот месец во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес. Вон која веќе неколку месеци излегува со Субан, вели дека тој ја прави среќен.
„Субан е многу позитивен и полн со енергија. Веднаш знаев дека тој е поинаков од дугите. Но, затоа што претходно бев мажена, поприлично се воздржував од помислата дека повторно можам да најдам некого со кого би можела да живеам во брак. По неколку месеци излегување знаев дека тој е вистинскиот за мене. Субан ме прави среќна“, раскажува Линдзи, која за многумина претставува најубавата скијачка во светот.
„Набавив прстен и одлучив да ја запросам во нашиот дом. Сè ми се погоди таа вечер. Беше полна месечина. Знаев дека нема да сака да го направам тоа додека е облечена во пижами“, изјавил хокеарот Субан.
Линдзи и Субан се запознаа пред две години, кога таа ја прекинала претходната врска. Пред шест години таа се разведе од поранешниот сопруг Томас Вон.
Текстот Ќе се мажи американската скијачка Линдзи Вон е превземен од Reporter.mk.