Ќе се мажи Ели Гоулдинг

Светската ѕвезда Ели Гоулдинг ќе се мажи. Таа и нејзиниот свршеник Каспар Џоплинг веста за свадбата ја објавија на традиционален начин, во делот за венчавки во британски „Тајмс“.

„Се објавува веридба помеѓу Каспар, син на Николас Џоплинг од Јоркшир и Џејен Вард-Алдам од Јоркшир, и Елена, ќерка на Артур Гоулдинг од Хирфордшир и Трејси Самер од Вест Мидлендс“, стои во соопштението.

 

Ели и Каспар се во врска 18 месеци.

Пејачката во моменов го снима нејзиниот четври студиски албум.

Текстот Ќе се мажи Ели Гоулдинг е превземен од Reporter.mk.