Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева се пофали дека нејзината ќерка Лора ќе се мажи. Таа тоа го објави на својот фејсбук-профил на кој со статус им даде благослов на Лора и Филип.
„Животот никогаш не ми даде трошка време да се подготвам ни за тагата, ни за радоста. Нека биде радост! Доста беше тага. Лора и Филип, бидете големи и несебични во љубовта, добри и благородни во срцата и бидете ми светло во тунелот кое никогаш нема да згасне“, напиша Турунџиева. По ова следеа еден куп коментари со честитки за Лора и нејзиното момче Филип. Лора е првата ќерка на Сузана, која ја има од бракот со пливачот Александар Маленко.
Текстот Ќе се мажи Лора, ќерката на Сузана Турунџиева е превземен од Reporter.mk.