Поп-пејачката Леона Луис се сврши со кореографот Денис Јауч по 8 години врска.
„Ова беа најубавите 8 години во мојот живот“, изјави Луис за британските медиуми откога ја објави веста за свршувачката.
Леона, која се прослави со шоуто на таленти „Икс фактор“, има втора по ред најголема продажба на албуми и синглови од сите пејачи што се појавиле во ова шоу, со над 20 милиони продадени албуми во светот. Поуспешни од неа се само момците од бендот „Уан дајрекшн“.
Текстот Ќе се мажи пејачката Леона Луис е превземен од Reporter.mk.