„Јуниверзал“ ќе снима филм со хитовите на Принс. Песните ќе добијат нови аранжмани во филмски мјузикл кој ќе биде инспириран од неговото дело, објави „Вараети“. Филмот нема да биде биографски, туку оригинална приказна.
„Јуниверзал“ ги обезбеди потребните авторски права за повеќе песни на Принс . Филмското студио веќе имаше успех со мјузикли инспирирани од стихови, како „Мама миа“ и „Клетници“.
На почетокот на годинава излезе албум со претходно необјавени снимки на Принс од 1983 година, насловен „Пијано и микрофон“.
Текстот Ќе се снима мјузикл со хитовите на Принс е превземен од Reporter.mk.