Наскоро ќе почне снимањето на 10 нови епизоди од популарната серија „Озборувачка“, но со сосема нови глумци, пишуваат американските медиуми. Серијата ќе се емитува на плаформата НВО Мах, а дејството ќе се одвива осум години по завршувањето на оригиналната приказна.
Продуценти на серијата ќе бидат Џош Шварц и Стефани Саваџ, а Џошуа Сафран ќе биде сценарист – истите луѓе што работеа и на оригиналната серија. Тие се надеваат дека глумците од оригиналната екипа: Блејк Лајвли, Ченс Крафорд, Лејтон Мистер, Пен Бегли и Ед Вествик, ќе прифатат барем мали улоги во серијата.
Засега не се знае кога ќе почне снимањето на серијата, но се очекува новите епизоди да се прикажуваат дури догодина. Се знае дека ликот на „озборувачката“ ќе биде поинаков од оној во хит серијата што се прикажуваше од 2007 до 2012 година.
Текстот Ќе се снимааат нови епизоди од „Озборувачка“ е превземен од Reporter.mk.