Американската пејачка Тина Тарнер во нејзината нова автобиографска книга открива дека пред неколку години ѝ била извршена трансплантација на бубрег, кој ѝ го донирал нејзиниот сопруг, Ервин Бах. Пејачката пишува дека во 2016 година имала сериозни проблеми со бубрезите и дека тие биле само 20 отсто функционални. „Ервин ме изненади кога изрази желба да ми донира бубрег. Да не беше тој, мислам дека ќе умрев“, стои во книгата на 78-годишната пејачка.
Делови од книгата „Тина Тарнер: Мојата љубовна приказна“ неодамна беа објавени во „Дејли меjл“. Книгата до крајот на годината книгата ќе се појави во продажба во Велика Британија и во САД. Во книгата Тарнер ги охрабрува луѓето да донираат органи со цел да спасат животи.
Текстот Ќе умрев ако сопругот не ми донираше бубрег, вели Тина Тарнер е превземен од Reporter.mk.