Пејачот Дино Мерлин ретко кога говори за својот приватен живот, но неодамна откри детали за сопругата Амел и неговите две деца синот Хамза и ќерката Наида. Тој вели дека е среќен човек што успеал да ја најде вистинската љубов и што е горд татко на своите деца.
„Човек мора да има многу среќа за да ја најде вистинската љубов. За жал ја немаат сите во животот. Јас ја имав таа среќа на 17 години да ја запознам Амел. За неа мислев дека е најважната личност во светот и дека можев да ѝ дадам сè“, изјави Дино Мерлин.
Пејачот раскажа и за своите деца. Тој вели дека тие не сакаат премногу да се експонираат во јавноста. Хамза Дервишхалидовиќ има 26 години, се школувал во Берлин, а студирал менаџмент и политички науки во Истанбул. Ретко се појавува пред камерите а во одредени периоди учествувал во некои од проектите на Дино. Многумина им велат дека Хамзи е копија на Дино кога бил млад.
За Наида Дино вели дека е скромна и дека за разлика од нејзиниот брат, не ја интересираат материјални работи.
„Наида се роди за време на моите почетоци во кариерата. Таа е порасна во сиромаштија и веројатно тоа е причината што е скромна. Кога се роди Хамзa, немавме егзистенцијални проблеми и се навикнавме на да му пружиме сè што ќе посака. Кога ќе го прашам што му треба, не чека ни да ја завршам реченицата, а тој веќе има листа на желби“, вели Мерлин.
Текстот Дино Мерлин: Човек треба да има среќа за да ја најде вистинската љубов е превземен од Reporter.mk.