Еден од најуспешните српски пејачи Жељко Јоксимовиќ, денеск ќе го прослави 47 роденден, а за таа прилика, неговата ќерка која пејачот ја има од првиот брак Мина Јоксимовиќ, му упати јавна честитка.
Мина објавила заедничка фотографија од неа и татко и, а во позадина фотографијата ја украсила со ноти.
„Среќен роденден, најдобар тато“, напишала Мина на честитката.
Жељко од 2012 година е во брак со водителката Јована Јоксимовиќ, со која има три деца, синот Коста и близначките Ана и Срна. Мина е ќерка на Жељко од бракот со поранешната сопруга Весна.
Текстот Ќерката Мина со јавна честитка за роденденот на Жељко Јоксимовиќ е превземен од Reporter.mk.