Ќерката на поранешната холивудска двојка, Бред Пит и Анџелина Џоли, Шајло Џоли Пит има желба да го промени полот и да стане машко, пренесуваат светските медиуми. Таа, наводно е трансродна од својата втора година. Нејзините родители тоа никогаш не го потврдиле, но во целост ја поддржуваат во сè.
Пит во едно од своите интервјуа за познатите медиуми, зборувал за својата ќерка, која едно време му кажала дека сака да ја нарекуваат со машко име. Таа сакала да ја нарекуваат Џон или Питер, нешто што на нејзиното семејство не му сметало.
„Шајло сака да се облекува како машко. Таа сака да биде момче. Поради тоа и ја скративме косата. Таа мисли дека е една од браќата“, изјавила Џоли пред десетина години за „Ванити Феир“.
Шајло, веднаш откако наполнила 11 години, посетила експерти кои и препорачале хормонска терапија и совети, за кои сметале дека би и помогнале во тоа да стане машко.
Текстот Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли сака да го промени полот е превземен од Reporter.mk.