Ќерката на Канго бара прошка од татка си

Ивана, ќерката на македонскиот музичар Симеон Иванов – Канго, на својот фејсбук-профил објави статус посеветен на татка си. Таа во емотивната порака бара од него да ѝ прости ако не успеала да го усреќи.

„Ми недостасуваш неверојатен човеку. Секој ден без тебе е очаен и празен. Твојот енергичен и динамичен од, твојот импресивен говор, татковската насмевка, топол утешен збор! Ништо повеќе не е исто. Без тебе сонцето помалку свети! Те чувствувам сѐ уште ме чуваш, пак ми даваш снага и волја да најдам причина за да се борам! Прости ми татко ако не те усреќив. Жал ми е, за твојот неостварен АМАНЕТ! Можеби еден ден повторно ќе се роди, сонце што ќе свети силно како тебе! Се надевам, за да го заврши твојот СОН! Те сакам!“, напиша Ивана на „Фејсбук“.

Канго почина оваа година на 26 март. Тој беше дел од македонската музичка сцена 35 години, а 20 години имаше свое музичко училиште за рокенрол.

 

Текстот Ќерката на Канго бара прошка од татка си е превземен од Reporter.mk.