Ќерката на Лени Кравиц е новата жена-мачка

Актерката, Зои Кравиц ќе ја глуми жената-мачка во новиот филм за „Бетмен“. Таа во филмот ќе глуми заедно со Роберт Патинсон, ѕвездата на серијалот „Самрак“.

Претходно улогата на жената-мачка ја играа Ен Хатавеј, Хали Бери и Мишел Фајфер. Инаку, не е првпат Зои да ја глуми оваа улога. Таа во анимираниот филм „Лего Бетмен“ ѝ го позајми гласот на жената-мачка.

Снимањето на филмот ќе почне во јануари 2020 година во Лондон. Сценариото е на Матсон Томлин, а го пишуваше заедно со Мет Ривс, кој ќе биде режисер на филмот. Премиерата е закажана за јуни 2021 година.

За потсетување, Зои е ќерка на рок-музичарот Лени Кравиц и глумицата Лиза Боне. Таа глуми уште од дете, а последниот успех го доживеа со улогата во хит-серијата „Големи мали лаги“, каде што глумеше покрај Никол Кидман, Мерил Стрип и Рис Витерспун.

 

Текстот Ќерката на Лени Кравиц е новата жена-мачка е превземен од Reporter.mk.